ИКС: Владата незаинтересирана за унапредување на животната средина

Владата e незаинтересирана за унапредување на животната средина, велат невладините. Од Институтот за комуникациски студии алармираат дека во Македонија постои еко – корупција.

„Незаинтересираноста на владата, независно од која политичка партија, за доследно спроведување на меѓународните конвенции, законите и препораките од експертите. Минорната распределба на пари од државниот буџет за унапредување и заштита на животната средина. Невладеење на  еколошкото право, неказнивоста на сторителите и корупцијата во животната средина. Нетранспарентноста на постапките за издавање на концесии за користење на природни ресурси и неефективниот инспекциски надзор на централно и локално ниво“, изјави Дејан Андонов, од Институтот за комуникациски студии.

Потребна е посилна и поквалитетна контрола на загадувачите и загадувањето и поголема транспарентност во работата на државнит органи од овој сегмент, велат познавачите кои потенцираат и дека дека законот мора да се спроведува во пракса а не да остане само на хартија.

„Од каде да тргнр дрќавата во решавање? Јас би предложила да тргне од Планот за климатската акција, затоа што тој е прилично прецизен и прилично јасен“ изјави Лилјана Поповска, од ДОМ.

Претседателот Стево Пендаровски истакна дека Стратегијата мора да се темели на стручен пристап и одржлив равој.

„Стратегијата МКД2030 треба да ги утврди приоритетите за развој на оваа деценија , да содржи реална проценка за силните и слабите страни кои треба да бидат зајакнати од повеќе ресурси, како и да посочи на потрербата од инвестирање во неразвиените сектори кои се релевантни за севкупниот развој“.

Дел од невладиниот сектор предлага и формирање на Фонд за животна средина во кој би се слевале сите приходи по основ на еколошки такси и даноци и преку кој би се финансирале еколошки проекти.

Јане Трпковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста