ИЈЗ: Се проверува дали има оштетени реагенси, откако некој ги исклучил фрижидерите каде тие се чуваат
Скандал во Институтот за јавно здравје. Коморите каде што се чуваат реагенси за испитување на заразни и незаразни болести вчера биле исклучени од страна на некој од вработените.
Хигиеничарката забележала дека огромната соба со фрижидери во кои се чуваат реагенси за бројни микробиолошки испитувања – не работи.Кога вработените отишле кај осигурувачите заедно со раководството, забележале дека само тие што се поврзани со фрижидерите во кои се чуваат реагенсите, се спуштени, односно направен е обид да се исклучи целата комора.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во временскиот период од 14 и 30 до 16 часот од страна на вработен биле исклучени сите склопки на коморите каде што се чувале реагенсите.
И јавното обвинителство отвори предмет по допрен глас, за да се испита дали во конкретниот случај има кривично дело.
Во фрижидерите, имало реагенси за голема кашлица, за уринокултура, реагенси кои се употребуваат за испитувања што во Институтот за јавно здравје ги нарачуваат бројни болници за своите пациенти, а се однесуваат на сите заразни и незаразни болести.