Игор Карачиќ најплатен ракометар на Вардар во изминатите 10 години

Престижниот “Балкан хендбол“ јавно ги презентираше најплатените играчи на РК Вардар во изминатите 10 години. На врвот се најде Игор Карачиќ  хрватскиот интернационалец кој сега веќе ги брани боите на Киелце во последните години земал плата од 15 500 евра, зад него се најдоа Тимур Дибиров и Данил Криштопанс со месечни примања од 15 000 евра. Интересно е тоа што на 4-то место е голманот Арпад Штербик за кој е наведено дека земал месечна плата од 14 800 евра, што не соодветствува со претходните паратметри во кои Вардр нагласуваше дека договорот со еден од најдобрите чувари на мрежата на палентава се движи близу половина милион евра.  Во графичкиот приказ се презентирани варијциите на месечните примања на играчите во ерата пред и за време на Сергеј Самсоненко кој од 1.јуни годинава и официјално ја врати екипата во рацете на старо новиот сопственик Михајло Михајловски. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста