Идните невести на протест во Рим

Невестите во Рим излегоа на протест поради привремената забрана за раскошни прослави која е воведена со цел заштита од корона вирусот и негово ширење.

Група од жени во бели фустани се собраа пред легендарната Фонтана ди Треви во Рим во знак на протест што властите се уште не дозволуваат свадбени церемонии во оваа земја.

„Протестирам, зошто сакам да се мажам! Мојата свадба мораше да биде одложена за наредната година, а се имам договорено со свештеникот, но со рестораните и салоните за убавина не успеав да се договорам“, пренесуваат италијанските медиуми.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста