Идната година стартува доизградбата на клиничката болница во Штип
До крајот на годината, во штипската Клиничка болница, со работа се очекува да започнат приватните специјализанти. Засега се планира нивниот број да биде околу десеттина. На овој начин најголемиот центар за лекување во источниот дел на државата ќе го решава недостатокот од медицински кадар. На државно ниво од вкупно 600, 480 приватни специјализанти, веќе пополниле апликации.
Изјава-Арбен Таравари-Министер за здравство
„По интересот на болниците така и ќе постапуваме. Еве за во Штип околу 30доктори изразуваат интерес.Не се само од Штип, туку и од околните места. Што ќе каже директорот, односно што му е приоритет, ние така ќе постапиме„ изјави Министерот за здравство Арбен Таравари.
Изјава-Владко Захариев-дир.на КБ-Штип
„Најалармантно е на Одделенијата за анестезија, ортопедија, гинекологија. Ни недостигаат општи хирурзи, интернисти„ изјави д-р Владко Захариев, дир.на КБ-Штип.
При денешната посета, министерот порача дека изградбата на нова Клинилка болница е приоритет. Тој е оптимист и верува дека со градежни активности ќе се започне од наредната година.
Изјава-Арбен Таравари-Министер за здравство
„Со одлука на Влада се дава овластување на Министерот за здравство да ја даде целокупната документација на сите заинтересирани компании коишто би отишле во Кичево или Штип. Да ги видат болниците и да одлучат, односно да ни дадат проекции како мислат понатаму да ја продолжиме. Наш топ приоритет се болниците во Штип, Тетово и Кичево која со градба почна во 1996 и се уште е карабина„ изјави министерот за здравство, Таравари.
Што се однесува до модуларните болници од кои најголем дел се мета на крадци, Таравари посочи дека со владина одлука модуларната болница на Инфективна клиника ја презема Министерството за одбрана, а ќе се бара решение и за останатите. Инаку денеска беше промовиран и нов апарат , наменет за дигестивна хирургија и урологија. Апаратот е во вредност од 200.000евра и се средства на министерството.
Александра Ристевска