Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски вчера го освои седмото место во трката од Те Це еР шампионатот на патеката Валелунга во Италија. Иџе денеска во близина на Рим има нов настап, но сега ќе има повеќе шанси за подиум зошто ќе стартува од пол позицијата.