ИДФ: Иран извршува ракетен напад врз Израел
Израелската армија (ИДФ) соопшти дека во тек е ракетен напад од Иран.
„Од вас се бара да останете во заштитено подрачје до понатамошно известување“, се вели во соопштението на војската, пренесе МИА.
Се додава дека експлозиите што се слушаат низ целата земја се пресретнати или удари.
Пријавени се повеќе места на удари од шрапнели во Тел Авив, во близина на Мртвото Море, на југ и во регионот Шарон. Се уште нема информации за повредени, иако на сите Израелци им е наредено да се засолнат.