Идентификувано е лицето на видеото кое врши поткуп на гласачи во Шуто Оризари

Полицијата изврши претрес во Шуто Оризари по објавеното видео со наслов „Организиран поткуп на гласачи од структури на МВР и пратеници од СДСМ“. Идентификувано е лицето од видеото кое собира податоци од Роми на кои им ветува „хуманитарен пакет” од 1700 денари ако гласаат за Љатифе Шиковска која е во втората изборна единица. Станува збор за вработен во Одделението за управни служби во МВР.

„ При извршениот претрес не се пронајдени предмети по основ на ова кривично дело „поткуп при избори и гласање“, но кај друго лице, А.В. кој што исто така е на видеото, најден е список од околу 20 лица со име презиме, матичен број адреса и телефонски броеви, рачно пишувани на обични листови од училишни тетратки“, информираше Чулев.
Лицето од видеото во разговор со полицијата кажал дека пред да биде вработен во МВР бил активист на невладина организација која во рамките на Владата имала проект за донации. Тврди дека списокот го правел со цел да им се доделат донации на граѓаните од ромската заедница” – пишува Наќе Чулев во објавата на неговиот фејсбук профил .

Чулев информира дека полицијата работи на целосно расветлување на случајот, по што ќе биде поднесена пријава до Обвинителството. Тој најавува дека во следниот период МВР ќе ги засили активностите за да се спречат сите форми на изборен поткуп и притисок врз гласачите.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста