Ибрахимовиќ „во аут“ за клучните средби на Милан

Златан Ибрахимовиќ ќе ги пропушти претстојните два исклучително значајни натпревари за Милан во Серија А. Швеѓанецот нема да биде подготвен за дуелите со Торино и со Каљари поради повредата на коленото, здобиена на неделното дерби со Јувентус. Ова е голем хендикеп за Милан во борбата за место во Лигата на шампионите, со оглед дека има два натпревари со тимови кои се борат за опстанок, и гостување во последното коло кај Аталанта, еден од директните ривали за Европа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста