НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан до 2022

Златан Ибрахимовиќ официјално го продолжи договорот со Милан до наредното лето. Швеѓанецот се врати на „Сан Сиро“ во јануари минатата година, и со неговите настапи ја оправда довербата во управата. И покрај честите повреди, Ибрахимовиќ сезонава со 15 погодоци се наметна како вистински лидер на тимот, па не случајно и во 40та година ќе го носи дресот на Милан. Досега има одиграно 130 натпревари и постигнати 84 погодоци, сметајќи го периодот од 2010 до 2012 година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста