И законот за амнестија ги „фрли“ на различни страни Мадиќ и Лога

И законот за амнестија ги „фрли“ на различни страни Мадиќ и Лога

Законот за амнестија  кој в четврток влегува во Собрание и ќе се најде пред пратениците,судската фела го дочека на нож. Носењето на законот за амнестија со кој ќе се спасат од затвор високи функционери е упад во казнено правниот систем.

  • “Можам да се согласам дека на некој начин се врши упад во судството со ваквите измени.Сепак се наоѓаме во една состојба каде што судството е на удар на критики, а имаме состојба каде законодавниот дом, односно извршната власт донесе закони кои што автоматски се одразија како последица на застарувањето на добар дел на предметите познати и звучни во јавноста”-вели Сашко Георгиев-Претседател на Судски совет

Доколку извршната власт,односно Владата имаше намера да носи ваков закон,мораше да го вклучи судството и на соодветен и транспарентен начин да се анализираат последиците од негово носење,вели Георгиев чиј став кој го дели судската власт.

  • “Прашањето е дали има соодветна анализа колкав е бројот на лицата кои што ќе добијат амнестија и дали амнестијата како политичка одлука за отпушање на дел од осуденичката популација,ќе биде соодветна за сметка на она што ние во судството го имаме, тоа е условниот отпус.Ако вие го користите на соодветен начин,ако го имплементирате условниот отпуст,тогаш немате никаква потреба од донесување на закон на амнестија”-вели судијата Лазар Нанев

Заменик министерот за правда Викторија Мадиќ,која ипретходно имаше различни гледишта со првиот човек на правда, Кренар Лога околу контроверзните измени на кривичниот законик кои таа ги предложи,сега вели дека е против носењето на законот за амнестија и оти постои друг начин да се намали бројот на осуденици во затворите.

  • “Едниствено нешто што во јавност го коментиравме дека кога се донесе тој закон одредени случаи кои што се од јавен интерес се појави дека тие може да предизвикаат и не е добро тие осуденци да излезат. Постојат и други алтернативни мерки, не мора со законот за амнестија  да се испразнат,а тоа може да биде и условен отпуст, пробацијата”-вели Изјава Викторија Аврамовска Мадиќ-заменик министер за правда

Иако судството се обидува да се спаси од одговорност, диксутабилно е зошто судиите дозволија да застарат делата на фунционерите кои се теретат за сериозни кривични дела по разни основи? Факт е дека имаше доцна правда која траеше можеби недозволиво долго но повторувањето на предметите се одлуки на второстепи или третостепени судови, се бранат од Судскиот совет.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста