И во време на пандемија полски туристи не се откажале од желба да го посетат Охрид, но ги дочекале збунувачки протоколи

Во време на пандемија со Ковид-19, група полски туристи со автобуси тргнаа на 1.700 км долг и мачен пат за да дојдат во Охрид.Но,стигнаа уморни и измрцварени бидејќи на македонската граница во пеколни горештини биле принудени да се преместуваат од едни во други автобуси кои ги чекале да дојдат. За голготаата која ја поминале, раскажува полскиот тур оператор Себастијан  Пошник.Се соочивме вели тој со многу контрадикторни информации и нејасни, збунувачки ситуции и ние,но и нашиот туристички водич од Охрид кој исто така беше затечен.

– Да почнам со контрадикторни информации во врска со тоа колку луѓе можат да се превезуваат во еден автобус.Од Полска до Србија како транзитни држави можевме да носеме 100 проценти полни автобуси.Но, се соочивме со проблемот во Македонија да дојдат 50-50, така да моравме да најдеме автобус локален да дојде на граница да не земе да ги поделиме во два автобуси.Иначе имавме и некои групи за да дојдат ако беше фактични 100 проценти полни автобусите, со тоа се креваат трошиците фактички, изјави Себастијан Пошник -тур оператор од Полска

-Се соочивме со недоволна комуникација помеѓу институциите на Балканот, една со друга на владино ниво.Моравме преку амбасади да одиме за да можат тие да дојдат, да поминат на граница, изјави Љупчо Јузмески-туристички водич

Недозволиви се вакви пропусти во услови кога се соочуваме со кртонавирус и кога станците не одбегнуваат како дестинација,вели Јиузмески.Туристичките водичи се буквално без работа,без никаков интерес од државата да ни помогне.

-Секако дека сме без пласман,дека сме без работа,а за тоа дека сме изоставени од државата не можам да зборувам веќе.Сите зборуваат за тоа дека малку ни имаат излезено во пресрет да ни помогнат.Затоа што се се сведе на остани дома, летува дома, а најмалку нашите домашни туристи сакаат да одат на разглед во град, изјави Јузмески

Странците секојдневно ги  откажуваат веќе случените аранжамни,откажани се повеќе од 95 % и ако сека сликата е ваква, на зима кога Охрид е мртов град ќе биде уште потешко,вели загржиен нашиот соговорник,кој согасни сите протоколи трга со своите туристи низ орхидските сокаци.

  Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста