И ВО ТИМОТ НА СТРУГА ЗАРАЗЕНИ РАКОМЕТАРИ СО КОРОНАВИРУС

Коронавирусот и натаму се шири во нашата машка ракометна супер лига, а најнова жртва е тимот на Струга каде позитивни се дури седуммина играчи. Претходно заразани имаше и во КЛ 7 и во Радовиш, а Ракометната федерација на Македонија сосема логично ги суспендира натпреварите во А групата каде настапуваат споменатите три тима. Во меѓувреме дел од медиумите јавуваат дека ваков проблем се појавил и во нашата младинска женска одбојкарска селекција и тоа уште во август што било причина да биде откажан предвидениот камп.