И власта и опозицијата подготвени за дебата за изборниот модел

Се подготвува ли нов изборен модел во Македонија?Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска излезе со став дека ја поддржува иницијативaтa на неколку политички партии доставена до неговиот кабинет, а која се однесува за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик.

Иницијативата, како што соопштија од Водно, е во насока на создавање на пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици.

„Поаѓајќи од неговите заложби во изборната програма, претседателот Пендаровски смета дека во Република Северна Македонија треба да има помал број на изборни единици, без праг или со минимален праг на потребни гласови, а во функција на проширување на политичкото претставување во Собранието на Република Северна Македонија.

Од владејачката СДСМ велат дека ставот на Пендаровски за изборниот модел е постулат од изборната програма на социјалдемократите. Новоназначениот генерален секретар на паријата, Љупчо Николовски истакна дека тие тоа прашање го споменале неколку пати и пред изборите“, велат од кабинетот на претседателот

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека поддржуваат дебата за било кое прашање, вклучувајќи го и ова. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски посочи дека кога би се покренала иницијатива во Собранието, тие ќе излезат и со конкретен став за изборниот модел

Изминатиот период помалите политички партии се се погласни за измени на сегашниот модел за кој сметаат дека сега ги дискримира. Останува отворено прашањето дали ставот на Пендаровски за изборниот модел е само коинциденција со резултатите од претседателските избори кои доколку би биле парламентарни, опозициската ВМРО-ДПМНЕ би била во благо мнозинство пред СДСМ.

Мери Димовска