И со новиот британски сој на Ковид 19 – Прилеп високо на црната листа

Прилеп, повторно на врвот од неславната црна листа на заразени ковид-пациенти. Дури и новиот „британски“ сој, пак најмногу „удри“ врз градот под Марковите Кули. Болничките капацитети пак се полнат, а се размислува и за повторно отворање на пред еден месец затворените Ковид-оддели во неколкуте болнички одделнија. Според информациите до кои уринава дојдовме, денеска на Инфективното одделние хоспитализирани се 30 пациенти и овде капацитетот целосно е исполнет, а 25 пациенти од нив се на кислородна поддршка. Во Ковид-одделот на Ушното одделение пак, кој повторно е отворен, на болничко лекување се наоѓаат 21 пациент,  од кои 13 се на кисилородна поддршка, а додека во Дневната болница се лекуваат 33 пациенти. Денеска има и еден починат.

Иако нема нова симптомологија, сепак, присуството на новиот сој, бидејќи многу побрзо се шири, ги загрижуваа локалните здравствени власти. Од Центарот за јавно здравје, велат дека по од прилика две недели ќе се знае како сето ова ќе делува и на смртноста, а која и досега е голема во Прилеп, односно со 237 починати на 100.000 жители, градот е на црното прво место.

Кај овој вирус, новиот да кажам, заразувањето е еден спрема еден и пол. Ако првиот беше еден спрема еден, овој е еден спрема еден и пол, така што еден заразен, заразува еден и пол нов. Многу повеќе и побрзо е…Треба малку да се соземеме сите заедно и да не дојде како минатиот пат да имаме 120/130, како што беа“, – изјави за Алфа, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој и самиот е лекар.

Од друга страна, и граѓаните се свесни дека опуштањето во последно време, може градот да го чини поскапо од досега.

„Се поотпуштивме малку, луѓето немаат растојание, пак се дружат, и затоа бројката станува повисока…“ – вели една повозрасна прилепчанка.

„Повеќе младиве, верувајте, младите, еве овдека, на пример во кафанава, внатре седат 30 души, седат еден до друг, ни маски носат, ни ништо…- констатираше друг прилечанец.

„Како може да не не плаши, кога фамилијата кај мене, двајца или тројца ги фати Коронава, ама фала му на Господ се излечија“, – ни изјави трет.

„Мислам дека граѓаните не се доволно свесни дека ова е нешто сериозно и дека навистина треба да ги почитуваат мерките..сега на пример не треба да се групираат толку многу за се да се врати во нормала…“, – смета млада прилепчанка.  

Инаку, Прилеп уште пред два месеци, кога беше и најголемиот пик кај нас, беше идентификуван како македонски Вухан, и по бројот на заразени, а и според починатите. А сега, од 8 до 14 февруари има 198 новозаразени и четворица починати.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста