И Шилегов мораше да се соочи со незадоволен граѓанин

Трпението на граѓаните се тенчи.. Откако вчера Наумовски се соочи со револтот на ѓорчепетровци, денеска настрада Шилегов од бесен и разочаран минувач. Градоначалникот се изнервира.

Шилегов ги свика медиумите за да го снимат засадувањето дрвца во дворот на Градежен факултет.

Шилегов замина ама жителот застана пред камерите.

Очигледно е дека меѓу граѓаните врие. Политичарите можеби можат да се соочат со вработените, колегите, потчинетите, но изгледа веќе не може да се менаџира гневот кај луѓето.

Симона Србиноска

Advertisements