И после прекинување на вонредната состојба, мерките во Србија ќе бидат строги

Србија досега има евидентирано 5.690 заразени лица со коронавирус, 110 починати и 534 излекувани лица.

Во изминативе 24 часа регистрирани се седум нови смртни случаи,петмина мажи и две жени, со што вкупниот број на починати се зголеми на 110 лица, (76 мажи и 34 жени) со смртност во однос на заразените од 1,93 отсто, изјави на владината прес конференција епидемиологот Предраг Кон. Tој исто така изјави дека и по укинувањето на вонредната состојба, мерките за заштита од корона вирусот и понатаму ќе бидат строги а граѓаните ќе мора да ги почитуваат истите.

– Ние имаме вонредна состојба и прогласување на епидемија од посебно значење. Крајот на епидемијата ќе се случи кога нема да има ниту еден заболен. Ова лето ќе го тестираме и колективниот имунитет, а тоа мора да го направиме за да знаеме кои чекори ќе ги превземеме подоцна – вели др.Предраг Кон

На прашањето дали мерките ќе траат и после укинувањето на вонредната состобја, др.Кон потврди, не како што се сега но ќе мора да се применуваат сите мерки кои ќе бидат препорачани.

Одговарајќи на новинарски прашања доставени прему маил, меѓу кои зошто и покрај ригидните мерки, како што е престојната 84 часовна забрана за движење Србија во регионот има најголем број на заразени со Ковид 19, епидемиологот Кон кажа дека тоа е поради различната методологија на тестирање.

-Тоа се должи поради различната методологија на тестирање и зголемениот број на тестирани. Но таквите споредби не се прават поради тоа што не ја даваат вистинската слика. Единствената споредба со регионот која може да се направи е според бројот на починати лица на 100.000 жители.

Денес во изјава за медиумите Предраг Кон кажа дека вирусот ја губи силата и дека после 1 мај во Србија може да се очекуваат „некои круцијални одлуки.“

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста