И по пет месеци Златко Марин остана глув за родителските барања да не плаќаат градинки

И по пет месеци градоначалникот на Аеродром остана глув на родителските молби да не плаќаат секој месец за градинките иако се нефункционални и под клуч. Марин ги изигнорира нивните барања па секој родител со дете во градинка плаќа по повеќе од 500 денари месечно.

“Бидејќи имам две деца трошокот ми излегува повеќе од 5.000 денари.Тоа се тие пари кои мене лично ми одат во вода, бидејќи мене децата ми седат дома. Нас градинката во овој момент  ни е дополнителен трошок ” – вели Марија Атанасова, родител.

Родителите доставија и конкретни предлози:

“ На два пати е поднесен предлог да се стави на дневен ред на седница за точка на дискусија – за ние како родители да бидеме ослободени од режиски трошоци меѓутоа оваа точка воопшто не е ни прифатена од советот на општината.Значи, општина Аердром воопшто не сака да разговара на оваа тематика.” – вели Атанасова.

Марин е подолго време заклучен за Алфа.Не одговори на нашите повици и денеска и вчера. Алфа пред два месеци беше и  во општината, но тој не се појави пред нашата камера.

“Ние пред неколку месеци се побунивме за тој трошок побаравме одговор од општината не добивме. Ние од блиски извори дознавме дека Златко Марин не планира да го укине тоа и дека треба да си ги платиме тие пет месеци”

Овој проблем не е карактеристичен само за Аеродром, туку и за повеќе други општини. Бројни се поплаките на граѓаните кои реагираат и бараат да бидат ослободени од плаќањето за услуга која не ја добиваат. Посебно  периодов кога поради кризата од пандемијата, многу граѓани се соочени со намалени плати, а дел и со загубени работни места.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста