И по цели 8 години вистината за убиството на момчињата кај Смилковско езеро останува закопана

Инспектор од МВР денеска во судот на рчиштето за Монструм, со часови објаснуваше како една чаура која била најдена на местото на петкратното убиство била додадена по 5 дена во записникот каде биле заведени 20 чаури. Броење куршуми, дали некој некого на криво погледнал, кој што кажал кога се јавил на 192, дали некој некого малтертирал. Транспарентна постапка за елеминација на сомнежите на јавноста дека еднаш осудените се извршители и помагачи на петкратното убиство кај смиљковското езеро или свесно одолговлекување на постапката со сослушување сведоци кои не му даваат нов агол на обвинението? Цели 8 години нема одговор кој го изврши смиљковскиот масакар на велики четрток 2012 година. Предметот се суди по втор пат, 2 години СЈО го застапува случајот, но исход на постапката нема. Се изведуваат докази истите кои и во претходната постапка кога случајот го застапуваше редовното обвинителство беа изведени и досега не смениле нитшо во постапката. . Медиуми се носеа на паркингот за ампленети возила за сите да го снимаат опелот со кој с епревезувале убијците…Во судот се прошетаа политичари, поранешни полициски функционери но не не кажаа ништо ново или дополнително што ќе остави простор за сомнеж дека нешто било сокриено од претходото обвинителство или пак се манипулирало со доказите како што се шпекулираше години наназад. Единствено се потврди тоа што се шпекулираше со години дека било политички дил случајот Монструм да се врати на повторно судење. 

-Сме разговарале со политички авторитети, затоа што политичките авторитети и политичките партии имаат одговорност за да ја менаџираат ситуацијата и на крај наша проценка беше дека ова судење мора да се повтори со биолошки, со материјални докази на најтранспарентен начин за целата јавност – рече Али Ахмети претседател на ДУИ. (21 февруари 2020)

А гневот и разочараноста на семејствата на убиените деца и рибарот не може да се измери, нема одговор кој ги ликвидираше на 12 април 2012 година. Владата најави дека ќе го оправа судството, и дека тоа ќе биде најважниот сегмент за реформирање, а ќе се утврдува зошто судски предмети се судат со години. Дали најгоре на листата ќе биде Монструм останува да видиме.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста