И Panasonic ја прекинува соработката со Huawei

Јапонската компанија „Панасоник“ одлучи да прекине испорака на одредени компоненти за кинескиот производител на телекомуникациска опрема „Huawei“, откако САД воведоа рестрикции за извоз за таа компанија.

„Бројот на производи што се погодени од таа одлука е ограничен и тешко дека ќе има какво било влијание на профитот“, тврди претставник на „Панасоник“.

Компонентите што се во прашање се поврзани за паметните телефони. „Панасоник“ испорачува делови за телефоните на „Huawei“.