И пак најава од Заев, Фајзеровите вакцини ќе стигнеле на крајот на март

Премиерот Заев наместо вакцини пак даде нова најава за најава. И денеска по кој знае кој пат излезе со нова прогноза – првите вакцини од Фајзер во Македонија ќе стигнеле до крајот на март. Иако убедуваше пред неколку дена дека само што не стигнале.

„До крајот на март ќе ги добиеме тие 21 000 дози од ’Фајзер‘. Веќе во вториот квартал од годината имаме поголеми количини. Не се работи за несериозност затоа што целиот свет и целиот наш народ знае дека единствена причина е недостатокот на производство за кои било количини што ќе се набават“, изјави денеска Зоран Заев.

Наместо за конкретни датуми кога ќе пристигнат првите вакцини во земјава јавноста изминатите три месеци се изнаслуша за договори, преговори, прашања, барања…ама не виде ниту една вакцина преку набавка од страна на државата.

Во Македонија на зборови има над 2 милиони вакцини, но во фрижидерите во диспанзерите ниту една.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста