И охридската болница „Св.Стефан“ против идејата на Филипче да стане ковид – центар

Изјавата на министерот Филипче дека и охридската Специјална болница “Свети Стефан” ќе биде наменета за третман на пациенти со Ковид, ги крена на нозе докторите од оваа јавна здравствена установа.Шокирани велат, дека тоа е недозволиво бидејќи таму се лекуваат пациенти од целиот Југозападен регион кои се наоѓаат во животозагрозувачка состојба, со најтешки кардиоваскуларни заболувања. Згора на тоа министерот или лошо го информираат или е тотално неупатен бидејќи во целата болница нема 100 кревети колку што тој кажа дека ќе бидат отстапени. Во одделот за рехабилитација каде извесно е дека ќе се примаат заразените пациенти,не е ништо поразличен од хотелска соба. Пациентите не ќе можат да добиваат кислородна поддршка бидејќи таму нема опрема за медицински гасови нити останатата потреба апаратура и лекови за соодветно лечење на пациентите од корона. Лекарите дополнуваат дека целиот медицински персонал ќе треба да биде ангажиран во лекувањето на заразените,а тоа значи дека болницата во која се вршат најмногу прегледи во јавното здравство не ќе може да одговори на потребите на пациентите кои се лекуваат од други болести.

Директорката на болницата вели дека нема опасност од ширење на заразата кај останатите пациенти, бидејќи одделот за рехабилитација е физички и медицински одвоен од останатиот болнички блок.Таа сепак потенцира дека установата ги згрижува најкомплексните случаи со кардиоваскуларна и друга патологија од цел регион.

“Доколку биде неопходно,ќе го ставиме во фунција одделот на рехабилитација,со 14 кревети,но никако вкупниот капацитет на болницата, бидејќи “Свети Стефан”  е единствен регионален центар за кардиоваскуларни заболувања.Кога општата болница не ќе може да го поднесе притисокот поради големиот наплив на позитивни пациенти,ние ќе ги згрижуваме ковид пациенти,во посочениот оддел.Но во тој случај нашата болницата ќе прима само итни случаи на пациенти со каридоваскуларни заболувања”-рече д-р.Елена Коваческа Башуроска.

И додека Специјалната болница за кардиоваскуларни болести го подготвува одделот за рехабилитација, во охридската општа болница врие од пациенти. До се хоспитлизирани 85 пациенти, 20 од нив се во тешка состојба.

“Ние очекувавме дека ќе се зголеми бројот на новозаболени, сето тоа не почитување на сите препорачани мерки.Тоа што не се почитуваше,сега имавме еден зболемен пик на тешко болни со Ковид -19“ – рече д-р Горан Балески – директор на општа болница Охрид.

Интерно кое фунционира како ковид одделение каде се лекуваат тешки случаи е преполно, нема место нити на инфективното и нервното одделение каде се примаат потешки и сомнителни случаи, останати се само уште неколку кревети на дел од хурушкиот блок. Во моментов, заразени се и 11  лекари и медицински персонал, дирекорот Балев вели дека за се справат со пандемијата ги повлекле и специхализантите.Од понеделник во охридската болница се враќаат 20-тина специјализанти.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста