И МПЦ се сомнева во пописот – религиозната припадност не е точно поставена

Конфузни и неточни се резултатите од пописот и не одговараат со реалната состојба на верската припадност. Сомневање во статистичката прецизност во резултатите од пописот стигна и од Македонската православна црква. За нив, применетата методологија во графата „религиска припадност“ очигледно не разликува припадност на религија односно христијанство, ислам, јудаизам, на вероисповед: православно христијансктво, сунитски исла,, хасидски јудизам, а нема разлика и во припадност на црква или врски заедници. Македонската православна црква наведува дека резултатите се нерелевантни бидејќи постои сериозна статистички грешка која опфаќа 13,4 отсто од попишаното население во делот за религиозната припадност.

– Ова ги прави презентираните резултати конфузни, а со тоа и неточни, затоа што очигледно не ја одразуваат реалната состојба на верска припадност во земјата. Во оваа насока, пак, останува неодговорено прашањето зошто вероисповедта како опција не е дадена само кај една од религиите присутни во македонското општество, а очигледно е дека и таму постои варијантност?! Следствено, Синодот смета дека постои проблем не само во методологијата, туку можеби и некои од попишувачите недоволно ги упатувале граѓаните во можностите за изјаснување, а очигледно е дека опциите постоеле?!-се вели во соопштението од Синодот на МПЦ.

Од друга страна, од МПЦ изразуваат сомнеж и во точноста на пописот, со оглед на непопишувањето на православните Македонци по светот што било резултат на отсуството на комуникација на надлежните институции, за разлика од посетите на некои министри меѓу иселените припадници од малцинствата.

– Во оваа прилика сакаме да потсетиме дека САС на МПЦ-ОА со соопштение од 13.9.2021, а по претходна реакција од верници, упати апел во јавноста „православните христијани да се попишуваат како православни, а не само како христијани“-пишува во соопштението.

Инаку, на последниот попис 847 илјади луѓе или 46% се изјасниле како Православни, а на оној од пред 20 години бројката била над 1 милион и 300 илјади или речиси 65%.Големата разлика веројатно се должи на тоа што според податоците од пописот 242 илјади или 13% се запишани само како Христијани.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста