„И кај ќе одиме ако излеземе од Влада, со Славјанка?“ – Меџити вели дека законот за бранители нема да помине

„И кај ќе одиме ако излеземе од Влада, со Славјанка?“ – Меџити вели дека законот за бранители нема да помине

Законот за бранителите ќе остане блокиран и пратениците на ВРЕДИ нема да го гласаат овој закон, изјави првиот вицепремиер Изет Меџити синоќа во емисијата „Клик плус„.

На прашањето дали ќе поднесат оставка доколку помине овој закон, Меџити одговори дека тие во никој случај не се заедно со подносителот Славјанка Петровска.

 „Иницијативата е на опозицијата. И сега ние што да правиме? Да излеземе од влада и да одиме заедно со овие што го предложија законот за бранители“ –  рече вицепремиерот.

Новинарот го потсети на неодамнешната порака „Нека им е со среќа“  што премиерот Христијан Мицкоски му ја упати на пратеникот Халил Снопче од ВРЕДИ  

„Избрзани беа изјавите.  Ние мислиме дека владата има капацитет да го изменаџира ова прашање. Е сега, прашањето е ако излеземе што ќе направиме? Да одиме и да бидеме со Славјанка? “ –   истакна Меџити.

 За законот за бранителите Меџити се чуди за тоа како СДСМ од една демократска партија наеднаш станала националистичка.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста