И иселениците ризик за ширење на вирусот
Не само новогодишните празници , туку и доаѓањето на исселениците, е ризик за ширење на коронавирусот,со оглед на тоа што, при нивен влез во земјава не треба да приложат негативен ПЦР тест .Тетовската клиничка болница се подготвува за можен нов бран на зголемен број заразени во јануари.
“Сега ни дошле од надвор од Западна Европа и сега ние се плашиме дека по две недели ќе имаме зголемен број кој што навистина може да не фати во незавидна ситуација.” – вели Д-р Гзим Нуредини- Координатор на ковид центар Тетово.
Дали и колку ќе биде од корист модуларната болница која треба да се гради во Тетово, е под знак прашање, со оглед на тоа што сеуште има само бетонски постамент,а кога ќе биде готова, нема точни информации.
“Модиларната болница ќе има околи 35 легла за хоспитализирање на пациетни ќе има распоред за интензивен дел и ќе има и лабараторија.” – вели Д-р Гзим Нуредини- Координатор на ковид центар Тетово.
Состојбата со вирусот во тетовско и натаму е сериозна.Во клиничката болница дневно има во просек по 40-тина пациенти, генерално со средно-тешка клиничка слика.
Милена Вучевска