И граѓаните против, ама избори за штипски градоначалник ќе има, меѓу кандидатите свештеник, музичар, рударски инженер

Музичар, лекар, рударски инженер,  свештеник со нигериско потекло се кандидатите од кои  на 13декември штипјани ќе може да го изберат новиот татко на градот со мандат од 10месеци. До Општинската изборна комисија до доставени се пет кандидатури и за прв пат во историјата на Македонија на избори се појавува човек со потекло од Африка кој долги години живее и работи во градот под Исарот.  Ривали на Симон Поликарп од конзервативната партија Интегра му се независниот кандидат Трајче Митев, Лазар Наумов од ТМОРО, Сашко НИколов од СДСМ и Гоце Ангелов од коалицијата”Иднината во наши раце”.

“ Во рок од 24 часа според Изборниот законик треба да видиме кои кандидатури се според законот. Доколку има технички недостатоци ги враќаме за да се надополнат, а потоа даваме решение за потврда” – изјави Сенка Андреева-претседател на ОИК-Штип.

Штипјани изненадени од имињата на кандидатите за градоначалници. Велат дека се без предрасуди и стеротипи. Од идниот градоначалник бараат конечно да почне да размислува за доброто на градот . Добар дел од граѓаните се на став дека во оваа ситуација не би требало да се организираат избори ..

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште вчера по седницата на Извршниот комитет објави дека нема да учествуват на избори. Бараат да се одложат, бидејќи на тој начин се загрозува здравјето на граѓаните. Изборната кампања во Штип и Пласница ќе стартува на 23 ноември. Првиот изборен круг ќе биде на 13 декември, а вториот круг би бил три дена пред Нова година.  

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста