И Германците утврдиле дека причина за пожарот во тетовската модуларна болница е преоптоварен кабел?

Преоптоварена електрична енергија при употреба на апаратот за реанимација е најверојатно причината за пожарот во тетовската модуларна болница,што ја посочиле германските експерти во извештајот.Сепак, ова се неофицијални и непотврдени информации до кои дојде Алфа.Во тетовското обвинителство велат дека ништо не коментираат додека не заврши преводот на вештачењето,во кое на седум страни се изнесените заклучоци на германците-како и зошто изгоре модуларната за само три минути. Ова трето вештачење,покрај  двете домашни – на МВР и на Технолошкиот факултет,ги комплетира доказите во предистражната постапка .Ако нивните сознанија се поклопуваат,истрагата треба брзо да биде завршена. Многу прашања чекаат одговор -како изгоре објектот за само три минути, но и дали некој ќе одговара.Повеќето граѓани сметаат дека случајот ќе се затвори како несреќен.

Анкета : “Како што гледам до сега,не знам како ќе  се одвива, ќе заврши како несреќен случај, а треба да одговара, некој од надлежните.”

Не веруем ништо, за жал политиката е, ништо не чини, само Господ напомош, не очекувам дека ќе се реши или некој ќе одговора.

“Џабе, веќе луѓето отидоа, што и да се стори не е вредно веќе, тешко на тој што отишoл-велат граѓаните.”

Изминативе месеци се сослушуваа десетици сведоци, се анализираа видео материјалите, се комплетираа две домашни вештачења.Јавноста засега само ја знае причината за пожарот, наведена во извештајот на МВР- дека настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.                              Освен оставките на двајцата директори на тетовската болница,одговорност за катастрофата во која загинаа 14 лица,засега нема.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста