И Дојран преполн со туристи, возрасните носат маски, за младите короната не постоела

Без маски, непочитувајќи социјална дистанца, гужви и турканици – ваква е сликата во Дојран овој продолжен викенд. Корона кризата ниту ги спречи, ниту ги исплаши туристите и посетителите, традиционално да го наполнат ова туристичко место по повод празникот Илинден.

Иако градоначалникот Анго Ангов истакна дека заедно со полицијата ќе го контролираат однесувањето на гостите овој викенд, сепак камерата на Алфа не забележа ниту еден полицаец или комунален редар, како што беше најавено од Ангов. Мерките и препораките за заштита од корона вирусот, ниту се спроведуваат, ниту се почитуваат.
Илјадници посетители и туристи викендов слободно се шетаат низ Дојран. Додека повозрасните носат маски, помладите велат короната не постои.

Недостиг во Дојран оваа година се странските туристи, најмногу србите. Но македонските граѓани ги наполнија домашните туристички места, поради неможноста да се летува на море во Грција, како најчест избор на летна дестинација.

Дијана Тасева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста