И денеска во Скопје загадено, невладините алармираат надлежните сериозно да се фатат за работа

И денеска во општина Центар загадено. ПМ-10 во 9 часот утрината изнесуваа 116. Дали и ова на е доволно градоначалникот Шилегов да признае дека воздухот во Скопје е загаден? Граѓанските иницијативи бараат надлежните сериозно да се фатат за работа, а за загадувачите да има и казни.

Од иницијативата О2 бараат надлежните да го објаснат јавно локалното загадување.Затоа како што велат, не е нормално загаден воздух да се дишe и во лето.

Спротивно од реалната ситуација – вчера градоначалникот Шилегов пред медиумите јавно ја прозва Алфа мавтајќи со телефонот во рака и гиубедуваше новинарите дека во Скопје не било загадено.

Каде е камерата на Алфа? Еве ви јас, еви ви, јас нема да ви одговарам, место одговор.

Јас не тврдам, граѓанските иницијативи го велат ова. Граѓаните велат загаденоста е на високо ниво.

Почитувана госпогице, јас ви ги покажав апликациите Мој воздух. Таа е апликација на граѓанските иницијативи која што е зелена. И сега за какво загадување зборуваме? – ова го кажа Шилегов.

Не загрижува само загадениот воздух во главиот град. Скопјерекордер е и по јавните набавки минатата година. Според последните анализи градот си ги зголемил набавките за 10,3 милиони евра повеќе во пандемиската година од 2019-тата а на општините изгледа не им се одврзувало ќесето за заштита од короната. Шилегов и за тоа се правдаше. Министерството за здравство се грижело за пандемијата, а не тие.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста