И денеска проблеми со пописот, еведенцијата на населението со намалено темпо

Надминувањето на помалите технички предизвици напредувало, Државниот завод за статистика и денеска со соопштение дека проблемите со попишувањето кои ги имало претходните денови ќе се надминат. Попишувачите биле на терен,  населението се попишувало но со намален интензитет за да ги надминат техничките усогласувања.

Ова се должи на техничките интервенции кои се вршат во софтверот за пописната апликација поради што се диктира и прилагодува темпото на попишување заради санирање на пречките кои доведуваа до успорување на пописната апликација.Тимот за техничка поддршка на пописните активности работи забрзано на надминување на проблемот и има сериозен прогрес, што значи дека во најбрз можен рок сите попишувачи ќе можат непречено да си ја извршуваат својата работа велат од ДЗС.

Освен со пописната електронска апликација, и веб-страниците на Државниот завод за статистика биле под постојани напади но од ДЗС уверуваат дека податоците се со високо ниво на заштита.

Инаку, најголемата статистичка операција  започна на петти септември и само тој ден помина без проблеми. Веќе во понеделникот падна интернетот а во вторникот пак системот бЕШЕ прекинат. И по три дена, системот за попишување има технички проблеми а уште во вторникот директорот Симовски тврдеше дека екипите работеле на брзо надминување.

Денешното рестартирање е да нема вакви случаи, она што вчера ни се случи, најдено е решение за тој технички проблем. Секогаш кога работите со технологија, се можни вакви случаи, тие беа предвидени и затоа има цела екипа, која што е спремна да интервенира, и еве се отклонуваат проблемите-рече Апостол Симовски на 07.09.2021.

Пописот на населението, домаќинствата и становите кој официјално започна во недела а ќе треба да заврши до 30-ти, во што постојано уверуваат од  ДЗС, но со оглед на проблемите на кои засега им нема крај, останува отворено прашањето дали ќе треба да се пролонгира попишувањето на граѓаните и домаќинствата.

Викторија Миткова