И денеска хаос пред банките среде вонредни мерки поради пандемијата

Гужви и турканици има, но не како деновиве, каде можеше да се забележи хаос пред банките, и луѓето да можеа ќе се качеа и еден врз друг само побрзо да платат сметка. Но, денеска сликата е малку поразлична. Редарските служби ги стореја луѓето еден по еден, само за да се запази редот и да не се направи толкав метеж.

Хаос и денеска има, но може да се забележи благо растеретување, благодарение на обезбедувањето кои правеше ред пред дел од експозитурите.

Граѓаните велат дека гужвата се создава најмногу поради затворањето на дел од експозитурите.

– Ни ја затворија банката во Ѓорче Петров, и еве не во Влае да платиме сметки и да извадиме пари. Сега се почитува растојанието колку толку, но сепак е подобро за разлика од деновиве. Целата гужва ја прават постарите, кои наместо да не учат како треба, тие истото го прават, велат за Алфа дел од граѓаните кои ги затекнавме пред експозитурите во населбата Влае.

Алфа направи обиколка во Скопје. Конкретно во Ѓорче Петров ниту една експозитура не беше отворена, освен онаа на Комерцијална Банка кај СП Платент.

Гужвата се прави токму поради затворањето на добар дел од експозитурите овде во Ѓорче Петров, токму затоа граѓаните се приморани да одат во најблиската во Влае, зашто ниту оваа банка не работи.

По бурните реакции од граѓаните, се огласија и од Македонската банкарска асоцијација. Велат сите банки преземаат активности за заштита на здравјето на своите клиенти. Препорачуваат влез од 2 до 5 клиенти во исто време.

– Филијалите и експозитурите да се посетуваат само кога тоа е неопходно и да се настојува што повеќе да се користат услугите за електронско и мобилно банкарство коишто во овој период се бесплатно достапни 24/7;
– При неопходна посета на филијалите и експозитурите да се почитуваат насоките за соодветна раздалеченост и препораките за самозаштита;
– Да се избегнува користењето готовина и при плаќања секаде каде што е можно да се користат платежните картички.

И на пазарите сликата е слична. Граѓани има, но прометот според пазарџиите бил драстично намелен. Ништо не е поразлична сликата и пред поголемите маркети. И таму граѓаните побрзаа на време да купат нешто пред да почне полицискиот час.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста