Хуманитарните пакети од семејството Заев се делеле во полициски час, полицијата влезе во магацинот

Синоќа во Струмица во полициски час се делеле донациите од семејството Заеви. 11 лица со поголем број пакети со непозната содржина биле затекнати вчера вечер во 22 часот и 30 минути на улица од страна на полицијата.  Дел од лицата кои биле фатени  имале дозволи за движење издадени од општина Струмица.

-Од страна на полициски службеници лицата се легитимирани  по што  е констатирано дека дел од лицата поседуваат  дозволи за движење  на вработен  поради вршење на сменска и ноќна работа издадени од Здружение  за хуманитарни цели “Сите заедно можеме“  а дел од лицата поседуваат  Известување издадено од Општинскиот штаб за заштита и спасување при општина Струмица  на 10.04.2020 година, велат до МВР.

По насоки на дежурен јавен обвинител полицијата им ги одземала дозволите движење, а влегла и во магацинот каде што се донациите на семејството на поранешниот премиер. Обвинителството ги побарало документите за потеклото на стоката, кои откако ги добиле доставата на хуманитарните пакети е одблокирана.

-По насоки за постапување од јавниот обвинител дадена е Наредба на полициски службеници физички да се обезбедуваат  пакетите со непозната содржина се до моментот на доставување на целокупната документација за  истите од страна на Здружението  за хуманитарни цели „Сите заедно можеме“, велат од МВР.

Со реакција се јави и лидерот на СДСМ,Зоран Заев. Тој во фејсбук објавата никаде не го споменува делењето на донации во полициски час, само ги нападна, Мицкоски и Наќе Чулев . Вели се обиделе да спречат хумана и солидарна акција.

-ВМРО-ДПМНЕ преку полициски структури попречува хумантирна помош за граѓани преку злоупотреба на државни институции. ВМРО-ДПМНЕ со полициски режимски структури синоќа до рани утрински часови вршеше притисок и закани врз волонтери и членови на граѓанска организација, пишува Заев.

Иако нема ништо официјално, се шпекулира дека имало обиди владејачката партија да ја сокрие целата полициска акција и да не се евидентира во полицискиот билтен. Наводно  се вршел притисок врз полициските службените да извршат промена на записниците каде што бил констатиран пропуст. Постојат сомнежи дека корона кризата се злоупотребува во политички цели, за предизборен поткуп на гласачи.  

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста