Хрватска воведе 14 дневен карантин за патници од Македонија, Босна, Косово и Србија

Македонските граѓани кои ќе сакаат да патуваат во Хрватска, ќе мора да минат во задолжителен 14-дневен карантин. Ова го одлучи хрватската влада после разгорувањето на епидемијата во земјава, а освен Македонија, на оваа листа се ставени уште и Србија, Косово и БИХ. Одлуката нема да важи за оние кои ќе минуваат, односно одат транзит низ земјата. Хрватските граници се отворени од крајот на мај, но поради се поголемиот број на новозаразени од Ковид-19, Кризниот штаб во земјата одлучи да има карантински мерки за четирите балкански држави.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста