Хрватска ги заостри мерките, почна да враќа патници од Србија и БиХ

Патници кои се обиделе да влезат во Хрватска од Србија и Босна и Херцеговина во текот на последните два дена, без валидна причина, се вратени од границата во својата земја. Ова е  резултат на заострување на мерките на граничните премини со Србија и БиХ. Хрватските власти велат дека контролите на тие граници се зајакнати и пропишаните мерки се строго контролирани. Секој што сака да влезе во Хрватска мора да ја каже причината за патувањето и да презентира придружен документ. Хрватска не ги отвори во целост своите граници кон овие две земји, како што е сторено со десет европски држави кои имаат добра епидемиолошка состојба