Хронично болните револтирани – додека функционерите се токмат да работат онлајн, ние мораме да одиме на работа

“Ние сме обични смртници, а некои затоа што се појавиле два или три случаи на заболени бара да работи онлајн. Како да не бидеме револтирани ?”со овие зборови Милован Матовиќ хронично болен за Алфа ја криткува идеата министрите и пратениците да држат седници онлајн, додека тој е приморан да оди на работа.

Ковид19 како да е страшен само по здравјето на привилигираните функционери. Додека владата и собранието се токмат да работат онлајн – хронично болните “фрлени во оган” во време кога Македонија брои и повеќе од 500 заразени дневно.

“Отидов една недела на работа и нормално моравме со маски да бидеме на работа. Повторно ми се влоши состојбата и завршив на Пулмологија. Ми направија преглед и се што треба ми дадоа еден куп нови лекарства.”изјави Матовиќ.

Матовиќ кој работи административец во општина Кисела Вода е незадоволен за условите во кои работи. Дополнително вели, загрижува и тоа што хронично болните се приморани да се клацкаат во преполни автобуси.

“Не враќаат хронично болните на работа. Гледаме како се автобуските линии во јавниот превоз автобусите се пренатрупани…а не секој може да оди со сопствено возило на работа. Тие и плус добиваат додатни парични средства за патни трошкови а хронично болните на работа со автобус.”- изјави Милован Матовиќ, лице со хронична болест.

Филипче уверуваше дека нема да се создаде хаос во здравствениот систем поради закажувањето на термини за преглед кај специјалист за да хронично болните добијат потврда, но за жал сликата е поинаква. Повеќе здруженија побараа од МЗ да објави листа кои најчести хронични заболувања ги имале починатите од компликации од ковид, и алармираа ако граѓаните имаат некоја од тие дијагнози и понатаму да бидат ослободени од работа.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста