Христијан Мицкоски убедливо пред Зоран Заев во анкетата на Прорисрч, ВМРО ДПМНЕ победник на изборите

Во анкетата на Прорисрч, подготвена во соработка со Плусинфо, во битката за советничките листи, води ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ со 26% спрема 19,7%, а на прашањето на довербата во политичарите убедливо води Христијан Мицкоски пред Зоран Заев, со 15,5% спрема 10,6%, што се смета за пресврт.

Во пресрет на локалните избори, порталот Прорисрч, во соработка со редакцијата на Плусинфо, спроведе телефонска анкета од 2 до 9 октомври 2021 година, на репрезентативен примерок од 1.006 граѓани. Граѓаните беа прашани за нивниот избор на локалните избори, како и за довербата во политичарите.

На прашањето за која листа за општински совет ќе гласате на локалните избори 2021 година, најмногу граѓани се определиле за ВМРО-ДПМНЕ 26%, по што следува СДСМ со 19,7%. ДУИ ја има довербата на 8,2% од граѓаните, наспроти Алијансата на Албанците со 6,1%. Фактори во локалните совети ќе бидат и Левица со 5,7% и независните листи со 2,4%.

Определбата на избирачите на гласањето за советничките листи е едно од клучните мерила за успехот на партиите на локалните избори, дотолку повеќе што изборите за советничките листи се спроведуваат според пропорционалниот изборен модел во еден круг и на нив партиите настапуваат самостојно, но и во конкуренција на независни листи.

Пресврт има и кај политичарите со најголема доверба. За првпат Христијан Мицковски убедливо води пред Зоран Заев, а Димитар Апасиев е трет.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста