Хотелиерите за протоколите за работа: Дали отвораме хотели или болници?

Хотелиерите затечени-протоколите за работа на хотелите реално се неостварливи.Правилата во обемните и строги протоколи не се дочитуваат, а камоли да се применат во пракса. Условите по кои ќе мора да работат хотелите се ригорозни, бараат време за истите до крај да се исполнат, но и ангажирање на дополнителен персонал кој хотелиерите не можат да си го дозволат,оти загубите се огромни а парите што треба да ги одвојат за трошоците не се занемарливи. Како да отвораме болници, а не сместувачки капацитети-велат хотелиерите, според кои има многу недостатоци, и недоречености во протоколите.

  Овие мерки наликуваат на оние мерки кои порани се користеле во текот на работењето во поранешна Југославија. Знаеме дека гостите кои доаѓаат во нашите капацитети, првенствено доаѓаат за одмор и рекреација, и дека спроведувањето на овие мерки ќе го нарушат конфортот на гостите “-Јован Китрозоски – Силекс.

Хотелиерите се скептични дека в понеделник ќе почнат со работа сите хотели, тие очекуваат разбирање од инпекциските служби.Пред да не казнат треба да имаат на ум велат дека за да бидеме спремни според условите кои ни се наметнуваат,a не им се обмислени, требаше да ги добиеме пред еден месец, а не во 5 до 12-ет.

 Самите протоколи треба да се направени од самото влегување на гостинот па се до самото излегување на гостинот,меѓудругото да се заштитени и персоналот вработените во секој објект како и гостино,значи  има еден куп работи кои треба да се допишат во тие протоколи“-Анита Лидова – Гранит.

При прием и сместување меѓудругото ќе треба да се исполнат следните услови: да биде поставена дезинфекциона бариера за обувки пред влезна врата, во холот при влезот треба да биде истакната Welcome табла со љубезен поздрав и разбирлив текст за чекорите и препораките кои треба да се почитуваат. На рецепцијата , каде што пултот не е доволно широк да обезбеди потребно растојание во делот каде ќе оперира рецепционерот, да биде поставена монтажна преграда,шалтер,изработена од прозирна пластика или стакло, која во долниот дел има отворен простор само за манипулирање со клуч и документи. Во сместувачките капацитети со повеќе кревети може сместување само гости од едно домаќинство.Служењето храна на шведска маса не е дозволено, келнерот треба да одлучи колкаво е пристојното растојание што може да го одржи,а да успее да ја послужи храната, оти од два метра оддалеченост неможе да се сервира оброк-и ова се само дел од препораките.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста