Хоспитализирани нови 54 пациенти, во ковид центрите во Скопје има уште 90 слободни кревети

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 54 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 549 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 примени пациенти и 5 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 263 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле нема пациенти.На Клиниката за Детски болести има 16 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК лежат 10 позитивни пациентки.

Вкупно 549 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.