Хорот “Про Арс” вечер на “Охридско лето”

Вечерва на „Охридско лето“ настапуваат вокалистите од Професионалниот мешан хор „Про Арс“, под диригентската палка на Сашо Татарчевски.

„Про Арс“ е формиран 2011 година од Татарчевски, по повеќегодишно долгогодишното делување во сферата на хорската уметност и анализите кои укажале на недостаток од еден таков ансамбл што професионално и пред се квалитетно ќе одговори на потребите на музичката сцена во Македонија.

Хорот веќе има остварено самостојни концерти со уметничка хорска музика, концерти на „Денови на македонската музика“ со праизведби на композиции од македонски и странски автори, концерт на „Охридско лето“, соработки со разни фондации и здруженија во реализирање концертни програми со хетерогена жанровска определба. Од 2018 година хорот е редовен гостин на концертите со вокално-инструментална музика на Филхармонијата, настапувајќи не само со маестро Татарчевски туку и со диригенти како Густав Кун, Емил Табаков…

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста