Хорор во болница во Њујорк: Страдање, болка и смрт на секои десет минути

Иако се трудат да ја сочуваат смиреноста, лекарите, медицинските сестри, респираторните терапевти и болничкиот персонал кои се борат да ги спасат пациентите, не се навикнати на вакви искуства, на толку голем број на луѓе кои се гушат, честите итни повици и толку голем број на луѓе кои не можат да ги спасат известува Си-Ен Ен од една болница во Њујорк..
Пациентите непрекинато доаѓаат во болницата во Бруклин, па медицинскиот персонал нема време за одмор.
Од речиси 400 заболени од Ковид-19 кои се примени во болницата, 90 отсто се постари од 45 години, а 60 отсто постари од 65, но болеста не ги фаќа само старите. Најмладиот пациент било дете од три години раскажува д-р Лоренцо Паладино.
Податоците покажуваат дека шансите за преживување на заболените од Ковид-19 се слаби, дури и ако ги приклучите на респиратори, вели Паладино.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста