Хонг Конг ги затвoра училиштата- зголемен бројот на нови случаи со коронавирусот

Хонг Конг ќе ги затвори сите училишта, како резултат на зголемувањето на бројот на случаи на локално пренесување на коронавирусот. Во Хонг Конг вчера беа пријавени 42 нови случаи на инфекција, од кои 34 се заразени како резултат на пренесување на вирусот во локалната заедница.
Вкупниот број потврдени случаи во градот Хонг Конг од почетокот на епидемијата е 1.366, а досега починаа седум лица.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста