Ходаи по средбата со ДУИ: Не поддржуваат сите освен СДСМ,бојкотот на матурантите продолжува до петок

Остваривме средби со пратениците на СДСМ, Aлијанса за Aлбанците и Aлтернатива, БЕСА и Левица, добивме поддршка од сите опозициски партии, а во СДСМ немаше волја за нашите барања – изјави лидерот на средношколскиот сојуз бленди ходаи пред средбата со дуи попладнево. Матурантите добија поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, а оваа партија ги повика и другите опозициски партии да ги поддржат барањата на средношколците, повикувајќи се на образовните модели во Ирска, Франција, Белгија и Обединетото Кралство, каде веќе е намален бројот на предмети кои матурантите ќе ги полагаат годинава. Непосредно по попладневната средба со ДУИ, Ходаи за Алфа рече дека добиле ветување од партијата на Ахмети дека на владина седница ќе се дискутира прашањето.

Во продолжение изјавата на БЛЕНДИ ХОДАИ-ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОЈУЗ НА СРЕДНОШКОЛЦИ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста