ХЈУСТОН ВО АСИСТЕНТОТ НА ДОК РИВЕРС ГЛЕДА НОВ ТРЕНЕР НА ТИМОТ

Хјустон по четиригодишна соработка се раздели со тренерот Мајк Д Ентони, а според ЕСПН прв фаворит за негов наследник е Сем Касел. Касел во моментов е асистент на Док Риверс во ЛА Клиперс, но тоа не е препрека да се врати во клубот со кој освои две шампионски титули како играч во 1993 и 1994 година. Касел смета дека дошол вистинскиот момент да стане независен на тренерската позиција, додека од друга страна, „ракетите“ веруваат дека тој би можел да биде иницијатор на клубот на патот кон нов прстен.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста