Херојот Марко со нов подвиг-ќе плива 64 км и порачува: Никогаш не се откажувајте!

Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски на 28 август, на празникот Голема Богородица, ќе плива соло маратон Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид. Ова исклучително амбициозно, решително,упорно и скромно дете,кое и покрај здравствениот проблем ни раскажа за новиот пливачки подвиг за кој се подговува а го посветува на лицата со ретки болести.

-После долги напорни тренинзи,после нервози и психички и физички проблеми,јас ќе пливам од Охрид до Свети Наум до Струга и до Охрид.Тоа се 64 км,но јас сум подговен, спремен сум за тоа, вели Марко.

Марко има инфаркт на коска на долните екстремитети,болест која му била дијагностицирана пред 3 години,но тоа не го спречува секојдневно да тренира во еден хотелски базен и во езерските води,целосно насочен кон остварување на уште еден негов сон.

После испливани 1.000 километри, ништо не може да ме сопре во намерата раскажува ова кротко дете кое никогаш претходно немало здравствени проблеми. Откажувањето од спортот за него било неприфатливо, бидејќи од мали нозе растел во спортски дух.

Марко лани во исклучително лоши услови за околу 10 часа го преплива Охридското езеро од Свети Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач кој ја препливал оваа делница, што го сврстува во легендите на пливачкиот спорт. Годинава ќе се обиде да  направи подвиг на кој до сега никој не се осмелил,но подговен сум вели да се соочам со сите предизвици.Целите во пливањето вели,си ги поставувал пред себе, додека пливал.

-Тоа е како родено во мене,тоа е во мене, тука било од секогаш. Никогаш да не се откажувате,ќе Ви дојде денот, сеќе Ви дојде по ред. Сее дел од судбината,се е пишано, не може да се бега од пишаното, порачува Марко.

Тој пред себе постави сериозно голем предизвик со исклучителна хумана цел, да го сврти вниманието на јавноста, а пред се на општествените чинители, кон лицата со ретки болести кои секојдневно бијат маратонски битки и се соочуваат животозагрозувачки препреки. Марко ќе биде гласот на овие луѓе кој на 28 август ќе се претвори во крик за поддршка на лицата со ретки болести и подобрување на нивниот статус во општеството, а пред се на здравствената грижа за нив-велат од тимот на Марко.

Росица Голабоска