Хендерсон фудбалер на сезоната во ПЛ

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон е прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата за изминатата сезона во гласањето на Асоцијацијата на спортски новинари на Англија.

Зад него останаа Де Брујне од Сити и Рашворд од Јунајтед, како и неговите соиграчи Ван Дајк и Мане. Гласови добија и Александер-Арнолд и голманот Алисон.

За Хендерсон ова е втора индивидуална награда сезонава, по јануарската за фудбалер на годината во англиската репрезентација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста