„ХЕНДБОЛ ПЛАНЕТ“: ЛАЗАРОВ НАЈДОБАР СВЕТСКИ ДЕСЕН БЕК, КАРАБАТИЌ РАКОМЕТАР НА ДЕЦЕНИЈАТА


Кирил Лазаров е најдобар светски десен бек во последната деценија, според изборот на реномираниот ракометен портал „Хендбол планет“. Нашиот капитен со огромна доминација изби пред Ласло Наѓ и Алекс Душебајев во гласањето на жирито составено од 21 светски тренер, ракометни легенди и новинари од сите краеви на светот. За најдобар светски ракометар е прогласен Никола Карабатиќ, а најдобар дефанзивец Виран Морош. Во идеалниот тим се уште и Тијери Омејер, Уве Генсхајмер, Микел Хансен, Лук Абало и Ѓулен Агинангалде.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста