Харви од Шпанија стана Инстаграм хит со наборите на кожата

Харви е 6-месечно куче од расата Шарпеј кое на прв поглед можете да го помешате со ќебенце поради неговите крзнени набори.

Неговата 22-годишна сопственичка Тереса Мол од Шпанија вели дека тој е совршен другар за гушкање.

Рутината за негување на Харви вклучува и еднаш неделно мачкање со средство за навлажнување за неговите уникатни набори да се одржат и да изгледаат така убаво како што изгледаат.

„Тој е многу мек и неговите набори се навистина убави. Всушност, тоа што најмногу го сакам кај Харви се наборите и неговата џиновска двојна брада“, вели Тереса.

Харви полека станува и Инстаграм ѕвездa:

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста