Хардавеј со 10 тројки го уништи Мајами, дербито на Исток за Милвоки

Далас со победа на гостувањето кај Мајами 127-113 го потисна Лејкерс на петтото место на Западната конференција. „Телињата“ сега се изедначија по бројот на победи 37 и порази 28, но имаат подобар меѓусебен скор од шампионот. Дончиќ на овој меч беше во втор план со 23 поени и 12 асистенции, а вниманието го привлече Хардавеј јуниор со 36 поени од кои 10 тројки.

Дербито на Исток му припадна на  Милвоки. Бакс како третта најдобра екипа го совлада вториот најдобар тим Бруклин со 124-114. За Нетс ова е трет пораз по ред, а втор во низа од Милвоки. Антетокумпо предводеше со 36 поени, а со два повеќе на спортивната страна заврши Ирвинг.

На останатите средби, Кливленд – Феникс 118-134, Детроит – Шарлот 99-102, Њу Орлеанс – Голден Стејт 108-103, Оклахома – Сакраменто 99-103 и ЛА Клиперс – Торонто 105-100.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста