Хаосот во здравството остави илјадници други пациенти без потребната помош

Дека надлежните ја губат контролата со епидемијата сведочат и граѓаните. Системот кој функционира за да се олесни работата со пандемијата им одмага на болните. Бројни се лицата во изолација, немаат никакви симптоми а и неможат да се тестираат.  Бројни се и тие кои имаат потреба од лекар бидејќи имаат друга дијагноза но сите надлежни им ги затвораат вратите. Сашо Здравевски  раскажува за Алфа каква голгота преживува деновиве во изолација.

Девет дена сум во изолација и три дена предходно сум во лежачка позиција. Во тие девет дена само два пати бев контактиран. Првиот пат од доктор Марија, епидемиолог од ИЈЗ, која ме извести дека сум во изолација, до 26 овој месец, поради контакт со лице кое е заразено со ковид. Вториот контакт кој го имав со доктор Марија беше поради проблемите со кичмата. Првичната терапија која што ми беше од матичната докторка не ми помага повеќе, јас имам страшни болки, особено навечер. Се обратив повторно до нејзе, бидејќи немам никакви симптоми за вирусот, дали може, приватно ако треба, да дојде екипа да ми направи тестирање бидејќи предходно имав закажано операција за кичмата. Истата ми рече дека тоа не е можно, никако, бидејќи за мене е задолжена матичната лекарка и треба да контактира со 8-ми Септември – вели за Алфа, Сашо Здравевски.

Матичната лекарка цел ден војна водеше по институциите вели Здравевски, за на крај да ми речат дека не може да ми помогнат, затоа што неврохирург во 8- ми Септември нема, а ако сакам во  државна болница ќе треба да бидам сместен на инфективното одделение. Значи јас треба да се заразам за да бидам лекуван вели тој. Каде да се обратам и како да постапам, прашува.

Јас мислев дека нашава држава е организирана за ова но овде е општ хаос. Овде најверојатно, постои онаа парола, не само живот за сите, туку селектирано право на живот и селектирано право и на  здравје. Еве јас би поставил прашање до надлежните: каде да одам и што да правам? Бидејќи јас неможам да одам, неможам да се движам. Што да правам? Дали јас ќе издржам до 26/27 ми  е иззолацијата и психички и физички? Јас немам никакви симптоми, но и да ги добијам, ги прашува надлежните што ќе биде со мене, јас долните екстремитети не ги осеќам веќе, нозете ги губам.  Ова мене ми личи на убиство, на ништо друго . Оној што има пари ќе преживее, оној што нема ќе цркне како коњ.. И одиме со брзина на светлината кон Бутел, не кон Европа. Кон Бутел на гробишта..- вели за Алфа, Сашо Здравевски. 

Јас сум еден од стотици граѓани кои ја доживуваат истата ситуација вели Здравески додавајќи дека не секој ќе дочека институциите да се свестат и системот да профункционира.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста