Хаосот со ковид протоколите, зачинето со недостаток на учебници – МОН потфрли со почетокот на учебната година

Имаше една година за подготовка на образовниот систем но се чини дека тој затаил – недостасуваат учебници, а тие што се веќе дистрибуирани, јавноста алармира дека се искниати и стари.Родители на ученици од неколку основни училишта во Скопје се жалат дека фалат учебници по историја за шесто одделение – коментираат дека тоа што нема печатење на нови учебници во дел од училиштата е суптилен влез во целосна дигитализација. Сепак, министерката и покрај овие тврдења, уверува дека учебници имало секаде и за сите ученици. Фалејќи ја новата концепција вели, учењето не значело учебник, а доколку недостасуваат учебници во четврто одделение, учениците можеле да ја симнат електронската форма на нивните таблети.

Учениците имаат таблети, учениците имаат учебници. Родителите, наставниците и административниот кадар имаат обврска да ги спуштат дигиталните учебници на постојните таблети кои се во училиштата и втора работа е дека ги спуштаат по информации во вибер групи или емаил адреси за тие да ги инсталираат, изјави Царовска.

Освен проблемот со учебниците, учениците и родителите се соочуваат и со страв од пандемијата бидејќи и покрај епидемиолошката состојба, надлежните решија наставата да се одвива со физичко присуство, освен за средношколците во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга. Останува да видиме како ваквиот модел на настава ќе влијае врз епидемиолошката состојба со вирусот. Како што е познато, Комисијата за заразни болести заедно со МОН подготвија три сценарија, а доколку се влоши состојбата учениците ќе преминат на онлајн  или комбиниран модел на настава.

Во меѓувреме, хаосот во образованието не спласнува – од Иницијативата настава и учебници мора да има најавија и бојкот на наставата, поради, како што велат игнорантскиот однос на министерката Царовска, бидејќи не го зема предвид мислењето на родителите кои се против новата концепција и дигиталните учебници.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста